П.З.У. „Цитадела“ ги нуди следниве услуги

  • Дијагностичка гастроскопија со биопсија (снимање на желудник)
  • Дијагностичка колоноскопија со биопсија (снимање на дебело црево)
  • ЕХО томографија на сите абдоминални органи и урогенитален тракт
  • Интернистички прегледи со ЕКГ
  • Прегледи и консултации за регулирање на шеќерна болест
  • Други прегледи од областа на интерната медицина

Во соработка со специјалната болница „Филип Втори“ ги нудиме услуги:

  • Сите постоперативни контроли на пациенти оперирани во „Филип Втори” и во други кардиохируршки институции.
  • Кардиоваскуларни проценки - општ физикален и ехокардиографски преглед на пациенти со болести на кардиоваскуларниот систем како коронарна артериска болест и ангина пекторис.
  • Проценки на пациенти со стекнати и вродени болести на залистоците на срцето кај возрасни пациенти.
  • Постоперативни контроли на деца и возрасни пациенти со вродени срцеви маани оперирани во детска возраст во други центри.
  • Прегледи на деца со вродени срцеви маани и срцеви шумови.
  • Доплер (ултразвук) на магистрални артерии за откривање на циркулаторни болести на периферните артерии или стеснувања на главните артерии на мозокот кои доведуваат до појава на мозочен удар.